Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.
На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски, соопшти Град Скопје.
-Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска. Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме. Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас – изјави Ѓорѓиевски.

Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер.
-Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите - така се гради пријателство што остава трага. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела – рече Ѓорѓиевски.
Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази голема благодарност на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот и нагласи дека со заедничката реализација на овој проект се испишува уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција, стои во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Пензиските друштва предлагаат промени во пензискиот систем
-

Професорот Никола Јанкуловски е нов претседател на Лекарската комора на Македонија
-

Надзорна расправа за работењето на Алта банка
-

Здравствените домови во Југоистокот добиваат нова опрема и амбулантни возила
-

Старите занаети изумираат
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
