Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк

Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк, попладнево соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.
- Дадениот збор пред граѓаните е обврска што мора да се исполни. Како што ветив, по спроведената физибилити студија, денес започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште. Мапирани се 22 точки, односно бунари за собирање на отпадните гасови што со години се наталожуваа на ова место. Од сите бушотини ќе се земаат примероци што ќе се испитуваат во сертифицирани лаборатории, со цел прецизно утврдување на количеството и составот на гасовите, напиша градоначалникот.
Паралелно, како што додаде, се одвива и процесот за темелно површинско расчистување на депонијата.
- Вардариште ќе стане минато. Она што со децении беше симбол на запоставеност и извор на ризици по здравјето и никој не успеа да го реши, ние го претвораме во можност и нов почеток. На ова место ќе никне современ мега-парк на површина од околу 300.000 метри квадратни, простор на живот, рекреација и чист воздух, новите бели дробови на Скопје, се наведува во објавата.
Се најавува да биде новото срце на градот, место каде семејствата ќе создаваат спомени, младите ќе спортуваат, а природата повторно ќе го врати својот изгубен сјај.
- Градиме иднина во која зеленилото не е луксуз, туку стандард, а здравата животна средина, приоритет. По завршувањето на целиот процес, ќе изградиме и мост што ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, значително намалувајќи го сообраќајниот метеж и создавајќи побрза и пофункционална градска поврзаност, се додава во објавата.
Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела.
- А делата се нашиот препознатлив знак, подвлече скопскиот градоначалник.
Ново на Сител
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
-

Тема на денот со Маринела Величкова, дописник од Скопје за БТА
-

Скопје на патот до престолнина на културата
