Бизнис
8. February 2022 - 12:21

Гласен текстилец: Работниците ќе враќаат дел од платата на газдите

Гласен текстилец не се согласува со предлог законот за зголемување на минималната плата, затоа што нема јасно дефинирана сума, туку процент. 

-Во една ваква држава и општество, со вакви работнички права, со исплата на смешни суми на плата, исплата под минимална плата и слични злоупотреби, важно е да имаме прецизирано бројка- Кристина Ампева, Гласен текстилец - Штип.

Стравуваат дека повторно може да се врати праксата на враќање на дел од платата на работодавачите.

-Со покачувања без одредени решенија, механизми и предлози, тоа пак ќе ни се врати како бумеранг, работниците повторно нема да бидат задоволни- додаде Ампева

Ново субвенционирање на минимална плата не смее да има, додаде Ампева, имајќи го во предвид искуствoто од 2017-та кога беа злопотребени државните пари. Исто беше и со сет мерките за надминување на последиците од Ковид пандемијата.

-Државниот буџет е народен буџет. Ние плаќаме придонеси и даноци и не може да се делат народни пари на фирми кои ги злоупотребуваат тие пари. Тоа не е решение, тоа е маска –изјави Ампева

Потребно е изнаоѓање на системско решение, кое ќе го анулира проблемот со сивата економија, јакнење на инспекциските надзори и кривично гонење за неисплата на плата и приодонеси.