-->
-->
Глумецот Џони Ортиз обвинет за обид за убиство
-->

Кубанско-порториканскиот глумец Џони Ортиз, т.е. Хуан Ортиз се најде зад решетки. Обвинет е за обид за убиство.
Од порталот ТМЗ дошле до судска документација каде што се наведува дека Ортиз заедно со Армандо Мигел Наваро пукале во Брајан Дјук. Наводите говорат дека Наваро бил тој кој пукал со пиштол. Не е јасно каква е улогата на Џони Ортиз во сѐ тоа.
Нападот, според документите, е означен како дел од судир меѓу улични банди.
Ортиз е познат по улогите во филмовите „Ел Камино“ (продолжението на „На лош пат” / „Breaking Bad“), „Пеперминт“, биографскиот „Али“ и други.
Тој бил уапсен кон крајот на мај, а неделава треба да се појави пред судот. Семејството се обидува да собере 1,12 милиони долари за кауција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
