Македонија
21. August 2025 - 13:44

Гори поранешен објект на Макотекст фирмата | ВИДЕО

Гори поранешен објект на Макотекст фирмата на улица Никола Парапунов покрај Кеј на Вардар кај мостот Обединети Нации. Се работи за стар објект кој повеќето од објектот нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии.

Еден воздухоплов на ДЗС враќајки се полн со вода од извршување на задачата за подршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот дим од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над пожарот на објектот.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Пожарот го гаснат неколку екипи (10 пожарникара) на Бригадата со повеќе (5 ПП) противпожарни возила.

Ивана Соколовиќ Најдова