Горивата поскапуваат од половина до два денари

Горивата од полноќ поскапуваат од половина денар до два денари. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи бензините да поскапат од 1,5 денари до 2 денари за литар, а дизелот за пола денар. Поевтинуваат Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/литар и тој од полноќ ќе се продава по цена од 87,50 ден/литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денари и новата цена ќе биде 90 ден/литар. Дизелот поскапува за половина денар и ќе се продава по цена од 87,50 ден/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 2,50 ден/литар со што новата цена ќе биде 86,50 ден/лит.
Се намалува и малопродажната цена на Мазутот за 1,074 ден/кг кој сега ќе се продава по цена од 46,223 ден/кг.
МИА
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
