Гостиварец се обидел да нападне човек со моторна пила, па бил нападнат со дрвен предмет

Несекојдневен инцидент се случил во селото Лакавица, гостиварско, каде по претходна расправија дошло до физичка пресметка во која биле употребени моторна пила и дрвен предмет.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 22 октомври, во имот на жител од Гостивар, 33-годишен маж се обидел да го нападне сопственикот со моторна пила. По ова, во настанот се вмешал 64-годишен маж, кој физички го нападнал првопријавениот, користејќи дрвен предмет.
По преземените активности, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против двајцата жители на Лакавица поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Случајот е пријавен и документиран од надлежните институции.
Ново на Сител
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
-

ОЈО Охрид: Поднесено обвинение против две лица и две фирми поврзани со смртта на Љушев
-

Светски ден на детето
-

Преглед на вестите од светот
