Македонија
5. January 2026 - 16:27

Град Скопје дебатираше за воздухот

Градските власти во рок од 1 месец добија задолжение да изготват мерки за подолгорочно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје. Дополнително, скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски, заедно со останатите 10 скопски градоначалници до Советот на г. Скопје ќе треба да дадат извештај за тоа како се спроведуваат краткорочните мерки кои беа донесени пред Нова Година.

Советниците на главниот град на вонредна седница повторно дебатираа за тоа кој навистина загадува во Скопје: домаќинствата или индустријата, дали и како може да се дислоцира цементарница и  дали субвенциите за инвертер клими и набавка на нови автобуси во јавниот превоз се доволни да го исчистат констатно лошиот воздух.

И власта на став дека досегашните мерки не се доволни, апелираат на подолгорочна стратегија, но и одговорност на институциите.

Градоначалникот пак даде отчет за досегашните инспекциски надзори.

Седницата беше инцирана од советничката група на СДСМ откако пред Нова година воздухот констатно енормно беше загаден, а Скопје беше и една од најзагадените градови во Европа и светот

Сепак, советниците не донесоа дополнителни одлуки, по онаа за дислокација на цементарницата Усје на крајот на минатата година, но и по вчерашната изјава на премиерот Мицкоски дека Владата нема ингеренции за такво нешто.

Дозволата на Титан Усје истекува 2027ма но годинава во март мора да ја почнат постапката ако сакаат да добијат нова интегрирана дозвола за работа.

Мицкоски пак, денеска за поздрава животна средина прмовираше нова опрема за цврст отпад за пелагонискиот и југозападниот регион.

Набавката на камиони и контејнери е дел од Регионалниот проект за управување со цврст отпад  кој опфаќа изградба на три регионални санитарни депонии, но и санација и затворање на три постојни, како и изградба на претоварни станици.