Градоначалникот на Тирана останува во притвор

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција доцна синоќа ја потврди претходно донесената мерка, со која градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, останува во затворски притвор. Мерката ќе ја издржува во затворот во Драч.
Во суд беа повеќе од 7 часа каде освен Велиај беа испрашувани и неговата сопруга Ајола Џоџа и 6 бизнисмени, а судското тело повеќе од два часа одлучуваше околу мерките.
На Џоџа мерката “куќен притвор” и е заменета со “јавување двапати месечно во судот” а и е одземен и пасошот и и е забрането напуштање на земјата.
Еден од бизнисмените доби затворски притвор, додека за останатите потврдена е првата мерка за јавување во судот.
Адвокатите за Велиај побарале ослободување од притвор со парична гаранција, но било одбиено поради можноста да побегне од земјата.
Велиај (46) кој е градоначалник на Тирана во три последователни мандати, беше уапсен во понеделникот под обвинение за пасивна и активна корупција, перење пари и непријавување имот, по што му беше изречена мерката „затворски притвор“.
Во реакција на социјалните мрежи, од притвор, тој го изрази своето незадоволство од тековниот процес, нарекувајќи го нефер и апсурден, додавајќи дека „ниту тој, ни членовите на неговото семејство немаат никаква поврзаност со зборот корупција“.
Во текот на денот, за време на целата расправа, пред судот беа вработените во општинската администрација, како и граѓани, во знак на поддршка.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест на СДС и ССМ е неуспешен, граѓаните не им веруваат
-

Пациентите од „Пулс“, чекор по чекор до целосно закрепнување
-

Формирано Собрание на млади во Прилеп, наскоро ќе се формира и Совет на млади
-

Преглед на вестите од светот
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
