Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
Со цел да ја поттикне креативноста кај младите, но и да ги мотивира се повеќе да размислуваат за уметноста, Општина Струмица организираше изложба на тема ,,Градот во илјада приказни“. Главната идеја на овој проект е да ги поттикне учениците да творат и да создаваат, но и поблиску да се информираат за стиловите на старите мајстори. Преку спој на класичните ликовни техники и нивната креативност, учениците понудија автентичен поглед на Струмица. На изложбата со свои ликовни дела учествуваат ученици од сите општински основни училишта, како и дел од средношколците.
Од локалната самоуправа велат дека учениците преку нивните дела уште еднаш потврдиле дека градот не е само обичен простор, туку мрежа од приказни кои во овој случај биле појдовна точка за создавање нови визуелни наративи, преку кои младите ја градат сопствената уметничка идентификација.
На оваа изложба, која во иднина треба да прерасне во традиција, беа создадени околу 40 дела во различни ликовни техники.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
