Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани, беше осветлено во боите на македонското знаме - во црвена и жолта боја, од вчера во 20:00 часот до утрово во 6:00 часот, по локално време.
Од македонската православна црква Пресвета Богородица во Лос Анџелес изразија солидарност со семејствата на настраданите и благодарност за организирањето на овој настан од советник во локалната власт на Лос Анџелес во знак на оддавање почит на жртвите од неодамнешната трагедија во Кочани.
- Изразуваме длабока солидарност со луѓето во Кочани, со глобалната македонска заедница и со сите погодени, додека продолжуваме да жалиме за оваа срцепарателна загуба. Оваа трогателна почит, која се оддава на три месеци од несреќата, ќе биде потсетник дека нашето единство и сочувство, дури и преку океаните, остануваат непоколебливи. Искрено му благодариме на градскиот советник Сото - Мартинез од областа 13, на неговиот прекрасен тим и на градот Лос Анџелес за нивната солидарност со македонскиот народ, стои во објавата на фејсбук профилот на македонската црква.
Градскиот советник Хуго Сото - Мартинез по повод настанот насловен „Македонски ден на сеќавање“ во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани изрази жалење за загубата на 62 животи и како што наведува „солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина“.
- Македонската заедница во Атвотер Вилиџ и пошироко низ Лос Анџелес, иако малубројна, е енергична и длабоко вкоренета уште од 1960-те години. Како град длабоко жалиме за загубените 62 животи во пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ и ја изразуваме нашата солидарност со македонскиот народ во неговата борба за правда, исцелување и надеж за посветла иднина, напиша на својот фб профил градскиот советник Сото - Мартинез во областа 13.
На 16 јуни се навршија три месеци од трагедијата во Кочани. Во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се случи на 16 март во раните утрински часови, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени. По завршување на истрагата 34 физички и три правни лица се обвинениети за тешки дела против општата сигурност.
Ново на Сител
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко