Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци

Грчките земјоделци на граничниот премин Евзони кон нашата земја и денеска, како и во изминатите два дена, го блокираат сообраќајот на сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време).
По пауза од четири дена за божиќните празници и за да го олеснат патувањето на граѓаните, земјоделците низ цела Грција во саботата одново започнаа со блокадите, а оние кои од 1 декември со нивните трактори се на граничниот премин Евзони, веќе трет ден протестираат со две четиричасовни блокади за влез и излез од Грција на патнички и товарни возила.
Од АМСМ информираа дека грчкиот премин Ники (Меџитлија) од 10 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај на товарни моторни возила, додека, пак, според грчката новинска агенција АНА-МПА, блокадата за камионите ќе трае 12 часа, а не е исклучена можноста во вечерните часови да постои едночасовна блокада и за патничките возила.
Низ цела Грција денеска кулминираат блокадите, во попладневните часови три часа ќе бидат блокирани и споредните патишта што ги поврзуваат Атина и Солун, со што Грција ќе биде поделена на два дела, со оглед на тоа што автопатот е веќе блокиран, дополнително затворен автопатот Јониа што ги поврзува градовите Антирио и Јанина.
Се очекува и за Нова година, односно од утре до петок одново да се тргнат блокадите, за да се олесни патувањето на граѓаните, но сепак тракторите ќе останат паркирани во една од коловозните ленти.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е лицемерен
-

2025-та поразителна за текстилната индустрија
-

Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
-

Преглед на вестите од светот
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
