Струмичани Новата година ќе ја дочекаат скромно, без големи трошоци
Струмичани оваа нова година ќе ја пречекаат скромно, без големи трошоци. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за новогодишната трпеза, која ќе биде умерена и скромна. Граѓаните велат дека трошокот ќе зависи од можностите, но сигурно нема да надмине неколку илјади денари, но не повеќе од стотина евра.На трпезата ќе се најдат основни намирници, но таа сепак ќе биде свечена.
Освен за храна, граѓаните дел од буџетот го планираат и за подароци за најблиските, но како што велат и тука нема да се троши многу, туку и ќе бидат прилагодени на семејниот буџет.
Најголемиот дел од жителите на Струмица што сретнавме на улиците празниците ќе ги поминат во кругот на најблиските. Еден дел ќе бидат на традиционалните забави во угостителските објекти, додека мал е бројот на оние што ќе патуваат.
Во Струмица и годинава, како и во изминатите дваесетина години, организиран дочек на плоштад нема да има. Сепак, градот ја има празничната атмосфера со голем број содржини што беа организирани во изминатите денови како и новогодишното украсување за кое општината одвои околу 3,5 милиони денари.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
