Бизнис
29. December 2025 - 17:40

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска

Со измени во законот за финансиски друштва државата ќе ги спречува компаниите за брзи кредити енормно да заработуваат на грбот на граѓаните, најавува министерката за финансии Кочоска. За една година има над 200 илјади договори, вредни 133 милиони евра.

Од нив, 114 милиони евра се кредити на физички лица, а останатите, скоро 20 милиони евра на фирмите.

Измените ќе бидат во насока да не може провизиите и каматите да го надминуваат вкупниот износ на кредитот, вели министерската за финансии на брифинг со новинарите

– Ако долгот е 20 илјади денари, максималниот износ кој треба да го вратат е 30 илјади денари. Но има ситуации кои се надвор од таа рамка. Имаме издадено опомени, прикршочни пријави, но не сме одзеле лиценца, бидејќи многу луѓе се задолжени ,а тие друштва им наплатиле повеќе пари на граѓаните и треба да им ги вратат, вели Кочоска

Промени во даночната политика од следната година нема да има, но најавени се законски измени во неколку области. Премиерот Мицкоски веќе најави дел од новините кои ќе стартуваат догодина

За редовно сервисирање на обврските, следната година ќе треба да се задолжиме на надворешниот пазар 1,3 милијрди евра..

Министерката Кочоска размислува да се издаде еврообврзница поделена во два дела, од по 500 милиони евра., од кои првиот дел би бил со помала рочноста, за да се постигне пониска камата, а вториот со поголем рок на отплата. Истата би се издала во првиот квартал од 2026 та .