Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв

Системот за ладење на банката за крв во Франција е погоден од кибернапад сличен на хакерскиот упад врз фрижидерите на европските супермаркети.
– Благодарение на системите за следење и аларм, зголемувањето на температурата било брзо откриено и брзо преземени мерки, што значи дека нема компромитирани примероци или крвни производи, соопшти банката за крв.
Од хакерскиот напад погодени се три простории во банката за крв, каде работната температура била зголемена на многу високо ниво односно од минус 30 степени Целзиусови до плус 11 степени.
За системите за ладење на француската банка за крв била задолжена надворешна фирма. Системи за ладење повторно се ставени под контрола, а крвните производи се префрлени во други објекти како превентивна мерка.
Нападот врз француската банка за крв уследи откако хакери ја зголемија температурата во фрижидерите и замрзнувачите во супермаркетите во Белгија, Шведска, Ирска, Луксембург, Естонија, Финска, Германија и Холандија. Во средината на октомври сличен инцидент се случи во големите француски супермаркети.
Сè уште не е познато кој стои зад нападите.
МИА
Ново на Сител
-

Шекеринска: Со компромис и нудење решенија - побрзо до ЕУ
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Тема на денот со Радмила Шекеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештај на ЕК: За Кос се зависи од Македонија
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
