Македонија
14. May 2021 - 12:28

ХС „Злетовица“ продуцира загуби од половина милион евра

Најголемото државно претпријатие на истокот, ХС “Злетовица”, поради корона пандемијата, која ги одложи планираните активности и амортизацијата на опремата, во изминатиот период продуцира  загуба од половина милион евра. Главна причина за нерентабилноста на претпријатието е што наместо 5, со вода за пиење од брана “Кнежево” се снабдуваат само 2 општини, Пробиштип и Свети Николе. Пред 2 години Владата одобри 6,5 милиони евра за изградба на нови или адаптација на постојните филтер станици за прием на водите од ХС “Злетовица”. Најголем потрошувач ќе биде општина Штип, со прием на 300 литри вода во секунда.

Во општина Штип не се реконструира, туку се гради нова филтер станица, со технологија за ултрафилтрација, со капациетет од 300 литри и моиоте сознанија се дека до крајот на септември се планира да се отпочне со пробна работа- изјави Миле Илиевски, директор на ХС „Злетовица“.

Изградбата на филтер станицата во Карбинци ќе финишира во септември, а за поставување на цевковод се бара најповолен понудувач. Во Лозово и Свети Николе во тек е тендерската постапка. Втората фаза предвидува наводнување на 3500 хектари обработливи површини, инвестиција од 26 милиони евра, средства кои ќе бидат обезбедени преку Европската инвестициска банка.