„Хуавеи“ го претстави „Пи смарт 2019“
„Хуавеи“ го претстави „Пи смарт 2019“. Со експанзивен „дудроп“ дисплеј, како и со нов и помоќен 8-јадрен чипсет „Кирин 710“, „Хуавеи Пи смарт 2019“ обезбедува квалитетно корисничко искуство по кое се познати „Пi“ сериите кои имаат камера вештачки интелект (ВИ) со високи перформанси, како во предниот дел, така и во задниот дел на паметниот телефон. Особено достојни за потенцирање се 64ГБ внатрешното складирање и батерија од 3400 милиампер часови.
„Пи смарт“ беше лансиран во 2017 година. Уредот беше наменет за млади потрошувачи кои бараат прифатливо, висококвалитетно корисничко искуство. Најновиот уред е од секој аспект подобрена верзија на својот претходник, што вклучува примена на некои од најновите технологии и дизајни за да испорача пософистицирано искуство кое ги задоволува динамичните потреби на денешните потрошувачи.
„Хуавеи Пи смарт 2019“ ќе биде достапен на македонскиот пазар во текот на овој месец и тоа во две бои: „Миднајт блек“ и „Аурора блу“.
Ново на Сител
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање