Хуманитарна акција на Супер Кит Го и Вива Фреш Стор - донирани пакетчиња во Домот за деца „11 Октомври“

Во периодот пред празниците, општествено-одговорната компанија ,,Супер Кит Го" започна со нова хуманитарна акција – која има за цел да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. Неодамна, од компанијата донираа новогодишни пакетчиња со облека и обувки на децата од Детскиот дом ,,11 октомври“ и им измамија насмевки пред новогодишните празници.
Соработката со Детскиот дом ,,11 октомври“ се надоврзува на минатите успешни хуманитарни активности кои компанијата ги има реализирано со нив – а кои ќе продолжат и во иднина.
Меѓутоа, ова не се сите активности на компанијата пред празниците, со оглед на тоа што во блиска иднина компанијата планира да донира уште пакетчиња и во Институт за слух, говор и глас – со што уште еднаш ќе го оправда епитетот на општествено одговорна компанија.
Во пресрет на празниците, улогата на општествено-одговорните компании добива уште поголемо значење. Тие не се само двигатели на економијата, туку и носители на хуманост, солидарност и грижа за заедницата. Затоа, ваквите хумани активности како оваа вреди да се споменат и да бидат забележани – бидејќи придонесуваат децата од детскиот дом ,,11 октомври“ да ги поминат своите празници во радост, со сето она што им е потребно.
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
