Македонија
21. July 2025 - 16:49

ИКС: Наративот на политичарите штетно влијае на менталното здравје на граѓаните

Пред комисијата  за политички систем и односи меѓу заедниците, ИСК презентираше 9 месечен извештај, период во кој ги анализирале штетните наративи кои ги користат политичките партии, нивните лидери и владини функцонери. Политичката реторика која била користена во периодот пред и за време на изборниот процес 2024 наместо за информирање служела за манипулација на јавноста, поткопување на довербата во институциите и поделби по разни основи во општеството.

Сето ова според ИКС влијаело и менталното здравје на граѓаните. На дебатата се слушнаа различни мислења на пратениците додека едни апелираа дека мора да запре вербалното насилство во јавниот дискурс, други велат за некои состојби таквиот наратив бил најсоодветен за да ја опише  реалноста.