Инфлацијата расте, експертите предупредуваат на внимателност
Животот станува се поскап, цените секојдневно растат, инфлацијата се подгрева. Трошоците за живот во март се зголемени за 8,8%, додека цените на мало за 9,6 отсто. Експертите повикуваат на внимателност - да не се носат одлуки со кои уште повеќе се зголеми, туку таргетирано да делува.
-Како да се помогне? Дали да се помогне со социјални пакети за најзагрозените или да се оди со зголемување на платите, што јас би рекол – овде треба исклучителна внимателност и во моментов не се препорачува. Јас би повикал на внимателност со фискланите политики – не се препорачуваат поголеми реформи, особено сега кога не е јасно до кога ќе трае кризата, изјави Борче Треновски, универзитетски професор.
Синдикатот притиска за зголемување на платите, експертите велат – треба да растат, но сега не е вистински момент. Се уште не се знае до кога ќе трае кризата, односно војната во Украина, со што неизвеснота е повисока.
-Платите никогаш не можат да да го следат цените. Особено кај нас, кога фискалните капацитети се органичени, така што во овој момнет – треба исклучителна внимателност односно да помогнеме таму каде што гори, да го изгаснеме пожарот прво да видиме кои се оние најзагрозени лица, кои имаат најмал доход можеби интервентно со директни мерки нив да им се помогне пред да се помине кон поголеми реформи во определени сектори, во здравство, образование итн., додава Треновски.
Ако растот на цените продолжи, ќе се засега монетарната политика. Каматите ќе пораснат, а граѓаните ќе плаќаат повисоки рати на кредитите.
Инаку денеска за прв пат во последните 30 години ФАО, односно Организацијата на обединетите нации за храна објави раст на цените на храната за 12,6%. Ваквото зголемување се должи на поскапувањето на житариците и на сите останати секундарни култури, поради војната во Украина.
Светот почнува да стравува од глобална криза со глад, чии последици веќе се чувствуваат на Блискиот Исток и во Африка.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
