Инспекциски контроли - како се превезуваат работниците на истокот?
Од утре продолжуваат инспекциските контроли на условите при превоз на работниците до и од работните места, за кои што се одговорни работодавачите. Поради се поголем број пријави од работници дека се превезуваат во претоварени и неклиматизирани автобуси на температури над 40-тиот степен, на иницијатива на Гласен текстилец, општинскиот сообраќаен инспекторат, трудовите инспектори и сообраќајната полиција излегоа на терен.
- Целта на оваа координирана активност е да се почитуваат препораките и мерките, во овие топли месеци и зголемени температури, да бидат климатизирани и соодветни превозните средства, автобусите со кои што се превезуваат вработените, пред се, во текстилната индустрија кој ашто најповеќе застапена во нашиот град-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
При последната контрола се мереше температурата во автобусите и беа изречени забрани за превоз на работници. Некои пак, работниците ги превезуваа со отворени врати.
- Еве ги, со отворени врати, се гледа ситуацијата каква е. Има лица над 60 години, бремени жени не забележавме, меѓутоа како што можев да видам изречени се забрани поради тоа што нема клими во автобусите. Мораме да се научиме на ред и дисциплина, поради тоа што ова се работници чии безбедност и здравје, поради топлотниот бран се навистина во ризик-изјави Кристина Ампева, Гласен текстилец-Штип.
Во знак на извинување што работниците поради контролата беа дополнително задржани им беа поделени шишиња со вода.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар