Иран нападна цели во Ирак, Бахреин, Оман и Израел

Иран во текот на ноќта нападна цели во Ирак, Бахреин и Оман, при што беа предизвикани пожари на повеќе енергетски постројки и пристаништа во регионот.
Во Ирак се запалени два танкера во близина на јужното пристаниште Басра, поради што целосно е запрена работата на сите ирачките нафтени терминали.
Во Бахреин изби голем пожар откако иранските сили погодија резервоари за нафта и гориво во близина на меѓународниот аеродром.
Оман по вчерашниот напад врз пристаништето Салалах нареди евакуација на бродовите од терминалот за извоз на нафта.
Во меѓувреме, Израел повторно нападна цели во Иран, а во Бејрут гаѓаше цели на Хезболах.
Претходно, Иранската револуционерна гарда потврди дека извршила координиран напад со Хезболах врз северен Израел. Тоа е прва заедничка операција против Израел од почетокот на тековната војна.
МИА
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
