Свет
28. February 2026 - 9:04

Ирански функционер: Иран се подготвува за одмазда, одговорот ќе биде катастрофален

Техеран се подготвува за одмазда откако Израел денеска започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански функционер.

Три експлозии се слушнаа во централен Иран, објави новинската агенција Фарс.

Експлозии се слушнаа и на север и исток од Техеран, како и во Исфахан, Карај и Керманшах.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.

„Државата Израел започна превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за Државата Израел. Вонредна состојба е прогласена низ целата земја“, рече тој, според „Тајмс оф Израел“.

Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција и бил планиран со месеци однапред, изјави неименуван израелски функционер.

Тој рече дека датумот за нападот бил одреден пред неколку недели. 

 

МИА