-->
-->
Ирански медиуми објавија за спорадични борби во Ормуска Теснина
-->

Иранските медиуми објавија дека и покрај договорот за прекин на огнот во Ормуска Теснина има „спорадични борби“ помеѓу вооружените сили на Исламска Република и американската морнарица.
Во изминатиот час се водеа спорадични борби помеѓу иранските вооружени сили и американските бродови во Ормуска Теснина, објави иранската новинска агенција Фарс, но не наведе повеќе детали.
Претходно, иранското Министерство за надворешни работи ги обвини САД за „грубо кршење“ на примирјето.
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) претходно на платформата Икс соопшти дека американските сили нападнале два празни ирански танкери, што се обиделе да ја пробијат американската блокада
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
