Исплатени 49 658 739 денари поддршка на 761 оризопроизводител
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска на 761 оризопроизводител им се исплатени 49 658 739 денари за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи и/или преработувачи од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година.
Според МЗШВ, се работи за подмерката 1.1. „Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“, а максималната количина оризова арпа прифатлива за финансиската поддршка е 8 000 килограми по пријавен хектар.
-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи, наведува МЗШВ и нагласува дека останува вистински партнер на оризопроизводителите.
Ново на Сител
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба
-
Шведска поддршка за блатото
-
Се реконструира музејот на вода
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка