Бизнис
13. December 2022 - 16:33

Истекува рокот на ЕВН за милионските долгови на државните институции

На два дена пред истекот на рокот Владата вети дека ќе го плати долгот.  Сите државни институции, меѓу кои Клинички, МЖ Транспорт, универзитети, затвори, судови, Зоолошката градина,  кои со години не плаќале сметки за струја – сепак нема да останат во мрак.

Премиерот вети дека ќе добијат државна помош. Со прераспределба на неискористени средства, обезбедени се 40 милиони евра, колку што е вкупниот долг на институтуциите. Од нив Само Клинички должи над 7 милиони евра, а МЖ Транспорт околу 6,5 милиони.

Сепак, за да се префрла парите, измените треба да се изгласаат во Собранието. Од ЕВН велат – ако добијат гаранции, можно е да се одложи исклучувањето. Во спротивно, неплаќачите ќе останат во мрак.

Доколку ЕВН Хоме како краен станбдувач добие гаранција од Владата дека долгот за потрошена електрична енергија од страна на институциите ќе биде платен, тогаш можно е да се одложи исклучувањето. Во спротивно ќе се реализира планот за исклучување, стои во ставот на компанијата.

Клиничкиот центар, заедно со ГОБ 8 ми Септември и МЖ Траспорт добија предупредување да го платат долгот до 15 ти овој месец, Останатите инстиции имаат рок до 22 ти Премиерот Ковачевски  и министерот за економија Бектеши пред една недела изјавија дека ќе бараат одговорност од раководителите на институциите кои трупале долгови, јавно ќе се објави списокот на должници ,  а за директорите кои недомаќински работеле - ќе следуваат санкции.