Истрага за обид за разбојништво во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „разбојништво“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот 72-годишник на 15 јануари 2025 година влегол маскиран во канцеларија за кредитирање на улицата „Прилепска“ во Битола и со употреба на сила се обидел да одземе парични средства со намера противправно да ги присвои. Со хебла во едната рака и огнено оружје – пиштол во другата, тој се заканил на вработената и побарал од неа да ги стави парите во торбичка што и ја подал. Таа одбила по што ја удрил неколку пати со хеблата по раката и телото. Оштетената избегала надвор од објектот, по што и осомничениот го напуштил местото. Разбојништвото се обидел да го изврши со пиштол марка „Црвена застава“ што го држел неовластено. При претрес во домот каде престојувал било пронајдено оружјето и осум куршуми.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
