Избоден малолетник во тепачка меѓу две групи ученици кај хотел „Карпош“
Крвава пресметка кај хотел „Карпош“ се случила вчера во Скопје, при што еден малолетник е хоспитализиран во „8 Септември“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, до инцидентот дошло по вербална расправија помеѓу групи ученици, по што конфликтот ескалирал во физичка пресметка. Еден од учениците, кој се здобил со убодна рана, бил итно пренесен во ГОБ „8 Септември“, каде му била укажана лекарска помош.
Од градската општа болница е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник – ученик во СДУ „Ѓорги Димитров“, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од остар предмет во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло до пресметка помеѓу две групи на ученици, соопштија од МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а неофицијално се работи на идентификација на сите инволвирани.
Ново на Сител
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Уапсен поранешниот државен правобранител Фахми Стафа
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
-

Жетва на ориз до Нова година, штетите се огромни
