Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
Премиерот Мицкоски како одлични ги оцени односите со ЗНАМ, а во рамките на Владата функционирале стабилно. Одговорот на ова следи откако пред неколку дена пратеникот и член на ИО на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски јавно порача ако е Премиер би го сменил министерот за правда Игор Филков .
- Добро сега кога ќе биде Премиер господинот Антонио Милишоски ќе ви даде одговор. Односите со ЗНАМ ни с едобри, би рекол одлични и стабилно функционираме во Владата, рече Христијан Мицкоски, Премиер.
Лидерот на ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, на вториот роденден на партијата во обраќањето потенцираше дека нивна цел биле резултатите и се осврна на успешни реформи кои се спроведуваат во двата ресори во кои имаат министри вклучително и во правда.
- Побаравме и добивме одговорни ресори, Министерството за правда и Министерството за јавна администрација. Нашата цел не беа фотелјите, нашата цел се резултатите.
Реформите во овие ресори, кои се од голема важност за функционирањето на целата држава се спроведуваат, проблемите се решаваат, рече Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ - За Наша Македонија.
Пред сопартијците Димитриевски уште еднаш потенцираше дека ЗНАМ не отстапува од определбата за членството во Европската унија. При тоа, како што рече, мора да се зачуваат достоинството и националните интереси на државата.
- Во Европа да, но со зачувани достоинство и самобитност. Во Европа да, но со високо крената глава, како и сите други, рече Димитриевски.
Лидерот на ЗНАМ на прославата се осврна и на успесите на партијата во изминатите 2 години и потенцираше дека партијата била фактор на стабилност. Лани на парламенртарните избори освоиле 6 пратенички мандати, членството постојано се зголемувало и биле присутни во 53 општини во Македонија и Градот Скопје.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
