Македонија
14. December 2025 - 16:33

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите

Премиерот Мицкоски бара обвинителството да провери дали опозициската СДСМ ја нарушува безбедноста во државата предизвикувајќи паника и немир кај граѓаните со тоа што тврди дека ќе дошле мигранти и покрај тоа што државните органи тврдат дека тоа нема да се случи. Напротив, вели Мицкоски СДСМ во времето на Заев изработиле национална стратегија за мигрантска политика во која се предвидени мигрантски кампови. 

Со цел да се спречат, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, лажните информации, а поради тоа што се работи за прашања осетливи за безбедноста, власта најавува своја собраниска резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и потврда на политиките против нелегалната миграција. 

И од коалициската ЗНАМ на линија со Мицкоски.

Од партијата на Филипче пак, не отстапуваат од тоа дека Мицкоски договорил преземање на мигранти од Велика Британија и тоа бидејки немало пари во буџетот, но и за да државата остане изолирана од ЕУ. 

Од СДСМ додаваат и дека во контра резолуцијата на власта немало јасна одредба против носење мигранти од Британија за пари, туку игра на зборови и обид за поинакво дефинирање на мигрантите.

„Мигрантите се луѓе кои ги напуштиле своите домови и избегале во други земји поради војната што ги погодила во нивната земја. Не постои начин да бидеш „легален“ или „нелегален“ мигрант кога бегаш од војна и ја напушташ својата татковина.

...Пред неколку дена Мицкоски, по изјавата „ако некој види нелегален мигрант до пролет“, токму преку дефинирањето на „нелегални“ мигранти објасни дека се обидуваат со дефиниции да го избегнат она што стои зад сето ова! А тоа е „мигранти за пари“. Мигранти во јуни во Македонија“, реагираат од СДСМ.