Изгласан ДУП во Ѓорче Петров ги скара Арсовска и Стојковски
Изгласаниот ДУП кој предвидува изградба на 50 згради и три индустриски капацитети на хемиската индустрија, на вонредна седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, ги скара Арсовска и градоначалникот Стојкоски. Актуелната градоначалничка на Град Скопје обвини дека без согласност на градот биле донесени измените на ДУП-от, а проектот го опиша проектот како бетонски монструм.
Градоначалничката најави кривични пријави против Стојковски, и Бочварски, а од Уставен ќе побара со времена мерка да ја запре примената.
Веднаш по нејзината, прес-конференција денес свика и градоначалникот на Ѓорче Петров, кој пак стои на ставот дека се било согласно законот.
Во однос на согласностите за ДУП-от, за кои Арсовска обвини дека Стојкоски ги нема, градоначалникот соопшти дека сите дозволи биле прибрани, а од Дирекцијата за заштита и спасување процениле дека овие згради немале никаква опасност по однос на безбедноста на граѓаните.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
