Бизнис
20. April 2023 - 16:55

Изгор цени на замрзнати производи и за Бајрам

Скапо овошје и зеленчук ќе јадеме и за Бајрам. Замрзнатите цени не ги почитуваат трговците. Производите или ги нема во маркетите или ги има, но по висока, пазарна цена. Казни за непочитување на мерката ќе има – вели министерот Бектеши – но после празниците, кога ќе ги објави и имињата на тие кои ја прекршиле одлуката.

„За овие компании, кажав и претходно, да почекаме до почетокот на наредната недела и знаете дека јас кога кажувам дека ќе ги објавам, јас тоа ќе го направам. Јас лично ќе ги објавам како министер ако има потреба. Не се работи за илјадници земјоделци во нашата држава, туку за десетина компании кои во последните години увезувале земјоделски производи, над 80 отсто од пазарот го покривале тие и ако се затворат тие, нема да биде голема штета за државата“, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Од Државниот пазарен инспекторат нема информација колку контроли се направени и колку казни се напишани по овој основ. Последната објава за надзори е од минатат недела. Во меѓувреме, се уште се чекаат фактурите од земјите од каде нашите увозните купувале овошје и зеленчук, за да се спореди дали и за колку го оштетиле буџетот. Но рокот за доставата на оригиналните фактури е 9 месеци, велат од Царинската Управа. Инаку мерката за замрзнати цени на овошјето и зеленчукот истекува крајот на месецот, а потоа министерот за економија најави дека ќе има и други мерки. Тој денеска ги повика домаќиснтавата кои сакаат да вградат ПВЦ прозори да аплицираат за субвенции. Државата ќе им покрие до 20 илјади денари од инвестицијата, за топлотни пумпи до 15 илјади и 80,000 денари за поставување фотонапонски централи.