ИЗЈ: Позитивните на мајмунски сипаници се во добра состојба - Отворени телефонски линии за информации за граѓаните
Пациентот со мајмунски сипаници хоспитализиран на Инфективна е во добра состојба. Вториот кај кој е потврдено ова заразно заболување се уште не се јавил на клиниката, но од ИЈЗ велат редовно комуницираат и со него. И двајцата дале контакти и според ИЈЗ од посочените никој немал симптоми на заболувањето. Лабораториските анализи кај заразениот кој е изолиран во болничка соба се во рамките на нормалните вредности, велат инфектолозите.
- Состојбата на хоспитализираниот пациент со мајмункси сипаници што е кај нас, е во добра состојба, од вчера до денеска нема никакви промени. Сите направени анализи за внатрешна употреба се во рамки на референтните вредности.
Пациентот ќе се следи и ќе биде кај нас уште неколку дена додека не се донесат други одлуки. Инаку кај пациентот се влегува со лична заштита и сите протоколи и препораки од СЗО се почитуваат, вели д-р Фадил Цана, директор на Клиника за инфективни болести.
На листата на контакти на Институтот за јавно здравје се и двајца здравствени работници кои имале комуникација со потврдените случаи.
ИЈЗ изработи краток водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за сомнителните случаи и истиот беше доставен до Министерството за здравство кое што ги проследи до надлежните здравствени институции. Институтот за јавно здравје денес отвара 2 нови телефонски линии за информирање за Mpox:
1. За консултации на граѓани
2. За консултација на здравствени работници, стои во сооштението од институтот.
Двајцата потврдени случаи на мајмунски сипаници во земјата се мажи на 40 и 44 годишна возраст од Скопје. Не се познавале меѓу себе, не патувале надвор од земјата но во ист ден биле на преглед на Клиниката за кожни болести.
За кој подтип на вирусот станува збор, од ИЈЗ примероците ги испратиле во Холандија.
Освен осип, кај ова заболување карактеристични симптоми се и висока температура, болки во мускули и омалаксаност.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар