Израел го уби лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад

Мохамед Раад, лидерот на парламентарното крило на Хезболах, наводно е убиен во напад на Израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели во Либан, објавија утрово саудиските телевизиски станици „Ал-Арабија“ и „Ал-Хадат“.
Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека лансирањето ракети кон Израел им штети на напорите за поштедување на Либан од регионален конфликт, а дописниците на „Ал-Арабија“ објавија дека сите училишта и образовни институции во Либан се затворени со одлука на Министерството за образование.
Израел соопшти дека нападите се случиле како одмазда откако Хезболах во текот на ноќта истрела повеќе ракети кон северен Израел.
ИДФ објави дека погодиле неколку високо рангирани членови на Хезболах во Бејрут и „клучен терорист на Хезболах“ во јужен Либан, но не ги потврди имињата.
Командантот на Северната команда на ИДФ, генерал-мајор Рафи Мило, коментираше за нападите.
„Хезболах го избра иранскиот режим пред либанската држава и започна напад врз нашите цивили. Бевме подготвени - и тие ќе платат скапо“.
„Веднаш по ракетниот оган од страна на Хезболах, според планот, го започнавме првиот голем бран напади врз Бејрут и јужен Либан, насочени кон високи оперативци, команди и терористичка инфраструктура. Исто така, работиме на евакуација на цивили од јужен Либан пред нови напади“, рече генерал-мајор Мило.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
