Израелски воздушни напади врз јужен Либан, серија експлозии во повеќе градови

Израелски воени авиони во текот на ноќта извршиле серија воздушни напади врз јужен Либан, при што бил погоден градот Мансури, објави либанската Национална новинска агенција (NNA). Според извештаите, силни експлозии одекнувале и во околните села и градови.
Израелските сили извршиле напади и во населените места Хадата и Тири, во областа Бинт Џбејл. Дополнително, биле пријавени израелски воздушни активности и напади во поширокиот регион на јужен Либан.
Нападите се случуваат во период на зголемени тензии во јужниот дел на земјата и покрај напорите за одржување на прекинот на огнот и постигнување договор за повлекување на израелските сили.
Либанскиот претседател Џозеф Аун претходно изјави дека повлекувањето на израелските сили од јужен Либан е од клучно значење за стабилизирање и обновување на земјата. Тој нагласи дека по повлекувањето, либанската армија треба да биде распоредена долж границата.
Аун посочи дека еден од најголемите предизвици ќе биде обновата на областите погодени од конфликтот и создавањето услови за безбедно враќање на населението.
Ново на Сител
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
