Jа заклучил вратата и им кажал да бегаат: 15 Колумбијки, Србинки и Албанки уапсени во Гостивар
Полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар во текот на ноќта спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на Гостивар.
Контролата била извршена на 30 јули, во периодот од 02:00 до 04:00 часот. Во угостителски објект во село Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот бил лишен од слобода М.Х. (50) од село Форино.
Според полицијата, тој откако ги забележал полициските службеници пред објектот ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат. Сепак, со брза реакција на полициските службеници, на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки.
Во друг угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, бил приведен А.А. (53) од Гостивар, откако кај него била пронајдена марихуана.
При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на пријавената цел, биле приведени вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години.
Од нив, 11 биле затекнати во објектот во село Чегране, а четири во објектот во подрачјето на Полициското одделение Галате. Станува збор за државјанки од Србија, Албанија и Колумбија.
Сите се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
