-->
-->
Јамал добива нов договор и бројот 10
-->

Крилниот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал ќе потпише нов договор со каталонскиот тим, објавија шпанските медиуми.
Се очекува тоа да се случи во средината на јули, кога фудбалерот ќе наполни 18 години.
Покрај тоа, Јамал ќе го промени својот број на дресот. Следната сезона ќе игра под бројот 10, кој моментално му припаѓа на Ансу Фати. Претходно под бројот 10 за Барселона играа Лионел Меси, Роналдињо и Диего Марадона.
Јамал дебитираше за главниот тим на Барселона во 2023 година. Оваа сезона одигра 54 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и 25 асистенции. Неговиот актуелен договор е до летото 2026 година.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека Јамал веќе ја прифати понуда за нов договор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
