Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ: Изградивме силни и тесни врски со грчката полиција

Морам да признаам дека во последните две години откако сум јас директор на полицијата, имаме изградениот силни и тесни врски пред сè со директорот на грчката полиција, мојот драг пријател Димитрос Малиос, со кој ги отворивме вратите и делот на оперативната соработка и делот на полициската соработка е на едно високо, врвно ниво, нагласи директорот за БЈБ Александар Јанев за грчката државна телевизија ЕРТ.
Во однос на разоткриената иранска мрежа што подготвувала терористички напад или атентат во Грција, Јанев објасни дека целта на нападот биле „лица и компании што егзистираат во Грција односно во поголемите градови, вклучително и Атина“.
- Засега, досега, во овој момент, ние успеавме сето тоа да го спречиме врз основа на сите информации и дејствија коишто ги презедовме и на територијата на нашата земја, меѓутоа и во тесна соработка со грчката полиција, посочи директорот на Бирото за јавна безбедност во изјава за ЕРТ.
Откако беше откриен случајот со иранската мрежа, веста останува високо на агендата на грчките медиуми, а ЕРТ испрати и новинар во Скопје.
Државната телевизија објави дека „шефот на полицијата на Северна Македонија Александар Јанев говори за спречување сериозно криминално и терористичко дел“, а случајот го оценил „како особено чувствителен, посочувајќи дека сега се очекува судската разрешница во однос на петмината уапсени“.
- Паралелно, оцени дека доказниот материјал собран во предметот е доволен за покренување сериозни обвиненија, за кои, согласно законодавството на Северна Македонија, се предвидени особено тешки казни, пишува ЕРТ.
Грчката државна телевизија објави и дека иранскиот наркобос Наџи Шарифи Зиндапти со еден од петтемина уапсени, наводно се запознале во турски затвори.
- Според последните информации, ова познанство беше почеток на регрутирањето и на други лица. Во меѓувреме, властите на Северна Македонија, во соработка со грчката разузнавачка служба (ЕИП), трагаат по шесто лице поврзано со случајот, кое избегало во странство, објави ЕРТ.
Вчера, како што објави МИА, иранската амбасада во Атина преку Икс соопшти дека ги отфрлаат „како целосно неосновани тврдењата на одредени медиуми, кои припишуваат наводен терористички план на фактори што се поврзуваат со Иран“
Целиот случај со разоткриената иранска мрежа што подготвувала терористички напад или атентат во Грција и понатаму е меѓу главните теми за медиумите во Грција, кои пренесуваат информации повикувајќи се на свои извори или пак на други домашни и светски медиуми.
За лицето што било цел на напад/атентат во Грција, преовладуваат неколку сценарија, едното дека станува збор за грчки бизнисмен со еврејско потекло, друго дека станува збор за Израелец од голема компанија во Грција, според трето пак дека станува збор за лице поврзано со израелски интереси.
Сепак, за ниту едно од овие сценарија не постои официјална потврда.
МИА
Ново на Сител
-

Хаџи Василева останува предметен обвинител во случајот со судијата Ристов - најавува и поактивно обвинителство
-

Тема на денот со Искра Хаџи Василева, шефица на ОЈО ГОКК
-

Девет полицајци кривично ќе одговараат за непостапување за смртта на Росица Коцева од Велес
-

На новороденче на Гинекологија му отсекле дел од прст при вадење на инфузија
-

Осум месеци затвор за палењето на дипломатските возила
-

Раководител на технолошка компанија во Грција бил мета на терористичката ќелија
-

Нови меѓусебни обвинувања за Алта Банка
-

„Избриши го видеото или сите ќе умреме уште вечерва“ - Бугарскиот јутјубер Цанов објави нови пораки од Михаилова
