Македонија
16. September 2025 - 13:57

Јаневска: Околу 1800 ученици од Трубарево непречено следат онлајн настава

Без проблеми се одвива онлајн  наставата за ученици од четири училишта во општина Гази Баба со цел тие и нивните наставници  да се заштитат од штетни материи по големиот пожар во магацин за отпад во Трубарево во саботата.

-На мое големо задоволство, наставата тече без пречки. Околу 1800 ученици од четирите училишта во Трубарево ја посетуваат наставата и досега немаме ниту една поплака, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска одговарајќи на новинарски прашања по настанот "Градиме нови мостови" што се одржа во ОУ "Живко Брајковски" во Општина Бутел.

Министерството за образование и наука (МОН) на 14 септември информираше дека наставата во основните училишта „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба, од вчера 15 септември до петок 19 септември ќе се реализира без физичко присуство на учениците во училиштата, туку онлајн, поради настанатиот пожар во Трубарево.

 

МИА