Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд

Универзитетите да отвораат студиски програми, факултети, насоки или специјализации според потребите на пазарот на труд, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Халил Слопче, кој на денешната собраниска седница праша зошто средношколци по завршувањето на образованието немаат можности да продолжат да студираат на мајчин јазик на акредитирани студии и дали има стратегија за обезбедување соодветен стручен кадар.
Министерката Јаневска посочи дека новиот Закон за високо образование нуди можности и и тие треба да се искористат во рамки на автономијата на универзитетите.
- Апелирам универзитетите да отвораат соодветни студиски програми, факултети, насоки или специјализации од кои државата има потреба. Затоа поддржете го Законот за високо образование, за вакви проблеми да не се случуваат во иднина. Универзитетот „Мајка Тереза“ постои 10 години, а Универзитетот во Тетово постои над 20 години. Тие можеле да одлучат да спроведат студиски програми соодветни на потребите на пазарот на труд. А, во однос на средствата вложени во високото образование, сакам да кажам дека државата вложува средства во универзитетите и очекуваме со новиот Закон и новиот начин на финансирање да има повеќе финансирање, одговори Јаневска и додаде дека со оглед на тоа што насекаде се случува во светот, мислам дека сме го фатиле трендот и мора да признаете дека со доаѓањето на оваа власт драстично е зголемен буџетот за образование, за разлика од претходните седум години кога можело повеќе да се инвестира во универзитетите.
Одговарајќи на пратеничкото прашање од пратеникот Халил Снопче, министерката за образование и наука Весна Јаневска нагласи дека во иднина универзитетите низ студиските програми треба што повеќе да се поврзуваат со компаниите, тоа универзитетите не треба да го запоставуваат бидејќи е од корист на науката и стопанството, а ќе биде од корист на учениците, студентите и целото општество.
МИА
Ново на Сител
-

Состојбата во ЈСП Скопје е алармантна, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
-

Кога ќе се научат фирмите дека се продаваат поскапи производи, тешко се враќаат назад, вели Димитриеска Кочоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
