Јовица Илиески-Кара го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово

На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, осветениот крст во црковниот базен го фати 51-годишниот Јовица Илиески-Кара.
Празнувањето започна со литургија која ја отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф заедно со свештениците на тетовското намесништво. Потоа во дворот од црквата го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен.
- Прв пат скокам за крстот. Ете, Господ даде да го фатам јас. Им посакувам на сите многу здравје, среќа, бериќет. Многу сум возбуден, да сме живи и здрави сите, Господ здравје да дава во секој дом, секое семејство во цел свет, изјави Јовица Илиески-Кара.
По осветениот крст скокаа и 51 годишниот Живко Антовски-Овца и 45 годишниот Петко Тасевски.
МИА
Ново на Сител
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
