„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео
„Гугл“ воведува прикажување реклами додека корисниците на „Јутјуб“ го паузираат видеото што го гледаат. Менаџерот за комуникации на видеоплатформата потврди за „Верџ“ (The Verge) дека има „моќен одговор од огласувачите и рецензентите“ по објавувањето на „Пауза-рекламите“.
„Јутјуб“ почна да ја истражува употребата на реклами на паузирани видеа уште во 2023 година, со одредени огласувачи. Одговорниот раководител на бизнисот - Филип Шиндлер, во април минатата година изјави дека новиот концепт им се допаднал на огласувачите, но оти гледачите не се одушевени од оваа замисла, според внатрешните истражувања.
Овој концепт не е нешто ново, бидејќи некои стрим-услуги, како што се „Дирек-ТВ“ и „Хулу“, направија сличен потег, па прикажуваат реклами во случаи со пониски нивоа на претплата.
Производите на „Амазон“, како што е таблет-компјутерот „Фајр“, прикажуваат реклами на заклучениот екран. Компанијата претходно најави и дополнително проширување на својата понуда.
Ново на Сител
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат