Кац: Градот Газа може да биде уништен и портите на пеколот ќе се отворат над Хамас
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац денеска предупреди дека градот Газа може да биде уништен ако палестинската група Хамас не ги прифати условите на Израел, кои се подготвуваат за голема офанзива во областа.
Еден ден откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе ѝ дозволи на армијата да го заземе градот Газа, Кац предупреди дека најголемиот град во енклавата може „да се претвори во Рафа или Бејт Ханун“, кои беа уништени претходно во војната.
-Портите на пеколот наскоро ќе се отворат над главите на убијците и силувачите на Хамас во Газа сè додека не ги прифатат условите на Израел за завршување на војната, напиша Кац на „X“.
Тој ги повтори барањата на Израел за прекин на огнот – ослободување на сите заложници и целосно разоружување на Хамас.
Хамас изјави дека ќе ги ослободи заложниците во замена за завршување на војната, но одбива да се разоружа без формирање на палестинска држава.
МИА
Ново на Сител
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот
-
Огнот се приближи до објектите на ЈП Јасен – сите сили фокусирани на Јасен
-
Забрзано се гради автопатот Охрид-Кичево
-
Кривична пријава за директорот на Паркови и зеленило оти не им дава плати на вработените во Флораком и Луна
-
Субвенции за сметките за струја
-
Преглед на вестите од светот
-
„Независни заедно“ ја промовираа Билјана Ивановска како кандидат за градоначалничка на општината Центар