Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт Департментот.
Иако во извештајот за човекови права за 2023та година, се спомненуваа македонските здруженија во Бугарија, но и одбивањето на бугарските власти да ги регистрираат, во најновиот извештај за состојбата во Бугарија целосно е исфрлен делот за малцинствата, така и за македонското.
Во Извештајот за Бугарија во 2023 стои:
- Властите продолжија да одбиваат регистрација на етнички македонски активистички групи како што се Обединетата Македонска Организација - Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија - Жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и покрај бројните претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека одбивањата ја кршат слободата на здружување на групите. Во февруари, Окружниот суд во Пловдив ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата Македонска Организација Илинден - Пловдив, врз основа на тоа дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонско етничко малцинство, се насочени кон поделба на нацијата и би создале услови за етнички конфликт. Во мај, Апелациониот суд во Пловдив ја потврди одлуката на понискиот суд.
Но во извештајот за минатата година за Бугарија, македонското малцинство во соседната земја не е никаде напишани, ниту пак почитување на одлуките на судот во Стразбур.
Според Стојко Стојков од ОМО-Илинден Пирин тоа што македонското малцинство во Бугарија не е споменато, не значи исклучување, а не во секој извештај се споменуваат Македонците во Бугарија.
Според поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, ситуацијата не е загрижувачка бидејќи и на пописот во Бугарија се пријавиле над 1.000 Македонци, а различните администрации дали на САД дали на ЕУ, различно ги толкуваат малцинствата.
Во Извештајот за Македонија пак за минатата година, според Стејт Департментот немало значајни промени со состојбата со човековите права. Во фокусот се насилството и заканите кои биле регистрирани кон новинарите, а стои дека Владата презела веродостојни чекори за идентификување и казнување на служените лица кои извршиле злоупотреби на човековите права, презела веродостојни чекори за заштита на правата на работниците, синдикално организирање и соработка со УНХЦР за бегалци и лица без државјанство.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар