Како граѓаните сами решаваат проблеми?
Со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и министерството за локална самоуправа граѓаните од Југоистокот решаваат регионални проблеми. Преку форуми во заедницата тие дебатираат за проблемите кои го засегаат регионот и заеднички бараат решенија за надминување на истите. Форумите се одржуваат во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ . Годинава предложените проекти се од областа на социјалната инклузија, а на располагање имаат нешто повеќе од 125 500 швајцарски франци.
На форумите учествуваат граѓани од сите десет општини. Целта на проектот е намалување на нерамномерниот развој во планските региони, а со тоа и подобрување на условите за живот.
Ова е втор пат центарот за развој на Југоисточниот плански регион да спроведува регионални форумски сесии. Првата се реализираше минатата година преку која во сите десет општини беа поставени 23 агро метеоролошки мерни станици. Овој проект кој беше предложен од граѓаните важи за еден од најуспешните во цела држава. Според најавите, веќе има иницијативи за негова имплементација и во други региони.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
