Како ќе се обезбедат 40 милиони евра за струја должниците - Кој ќе гарантира дека нема да има нови долгови
Над 40 милиони евра ќе пренамени власта за да ги спасува институциите кои со години не плаќале струја. Вицепремиерот Битиќи вели дека сумата е многу поголема од долговите кои ги знае јавноста. Сепак уверува дека во мрак нема да останат Клинички, Железница, судови, студенски домови, Зоолошка, универзитети.
Битиќи ја повика Државната ревизија да провери како се работело во нив и ако се утврди дека недомаќински се троошеле пари, ќе се бара одговорност.
Рано утринава МЖ Трансппорт остана без електрична енергија поради долг од 6,5 милиони евра. Но за неколку часа струјата повторно беше вклучена. Вицепремиерот се надева дека за 3 дена ќе биде изгласан законот во Собарнието, додека ЕВН ги чека гаранциите од власта дека долговите ќе бидат платени. Во меѓувреме, додека се чека одлуката на Регулаторна за новата цена на струјата.
Битиќи ги повика граѓаните да не стравуваат, но одби да одговори дали сметките ќе останат исти
Вицепремиерот Битиќи повторно ги повика трговците да се однесуваат етички и да не ја користат кризата за да се збогатат. Производителите на основни прехранбени веќе почнале да ги намалуваат цените, сега на ред се маркетите да ги намалат цените.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
