Бизнис
1. јуни 2022 - 21:15

Како ќе се одразат астрономските цени на горивата врз превозот на луѓе и стока?

Високите цени на горивата ќе го поскапат и транспортот. Автобуските превозници веќе прават пресметки – за колку ќе ги зголемат билетите. Најдоцна до петок ќе ги соопштат новите цени. Не се исклучува зголемувањето да биде и до 20%

- Со оглед на двоцифрениот раст на цената на горивата, неизидржливо е да возиме по исти цени. Секој превозник самостојно одлучува за колку ќе воси поскапо, највероајтно од 15 до 20%  ќе биде зголемувањето, изјави Масар Омерагиќ, концесионер на меѓуградски презвоз.

За да се заштити стандардот на граѓаните од растечките цени на горивата поднеле предлог до Владата - да се откаже од дел од акцизата за превозниците. Но и по 2 месеци, немаат одговор на барањето.

За сега јавниот и такси превозот во главниот град, ќе возат по стара цена. За измени, потребно е Советот на градот Скопје да донесе одлука. Од Здружението на лиценцирани такси превозници велат дека нема да поднесат пресметки за корекција, затоа што очекуваат стабилизирање на цената на горивата веќе од следниот месец.