Каков ефект можат да имаат најавите за намалување на цените?
Замрзнувањето на цените е добра мерка, но владата добро да размисли дали треба да забрани акцииски продажби. Од Организацијата за заштита на потрошувачите очекуваат цените на основните производи да се намалат, но бараат листата да се прошири и со други кои се неопходни за лична хигиена , како и за бебињата. Велат, не е тајна дека кога поевтинуваат основните, поскапуваат останите, затоа што трговците не сакатат да изгубат од високите профити
Сега ние одиме само со основните производи, но што се случува со бебешката храна, со овиошјето и зеленчукот, чии цени се превисоки, да не зборувам за пелените, со одредени срества за лична хигиена. Треба мерките да се добро обмислени и да траат подолгио, најмалку до крајот на декември, изјави Маријана Лончар Велкова, престедател на Организација за заштита на потрошувачи
Министерот за економија најави дека до крајот на ноември на маеркети ќе им забрани продажбата на прозивдои на неделни акции. Но Лончар вели – тоа е спротивно на законот за заштита на потрошувачите., каде е дефинирано дека право на трговецот да си одреди кои производи ќе ги стави на попуст.
Законот го дозволува тоа. Продажбата на акциски производи е дефинирана со законот. Сега ќе треба со посебни мерки да не го дозволува тоа. Да се дерогираат тие одредби од законот. Малце би повикала, да размислат за тоа. Затоа велам, мерките треба да се добро омислени за граѓаните навистина да почуствуваат поевтинување на основните производи, додава Лончар
Мерки против поскапувањето на храната веќе презедоа соседните земји. Во Србија од денеска се продаваат 20 производи по намалена цена, а во Хрватска утре ќе биде преставен пакетот мерки за помош на граќаните и стоапснтвото. Меѓу нив се и замрзнување на цените на основните производи , кои не смеат да се продаваат по повисока цена од онаа која важела на 31 декември лани.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
