Каква козметика и играчки има во продавниците?
Дали и кој може да гарантира дека на рафтовите во продавниците има безбедна козметика и играчки за децата. Во Македонија има листа на забранети супстанци но таа е од 2010 година и досега не е ревидирана. Тоа остава простор за соменвање дека штетни и опасни материи по здравјето можеби ги има во дел од овие производи. Ова го констатирал Државниот завод за ревизија кој исто така утврдил дека во државата нема ниту соодветна лабораторија за роверка на забранети супстанци.
-Важно е да нагласам дека ревизијата укажува на слабости и ризици, но тоа не значи дека производите што се на пазарот се автоматски небезбедни. Систем постои, узвозниците доставуваат документација. Меѓутоа ревизијата покажа дека документите што се доставуваат при увоз многу често се на различни странски јазици што го отежнува целосното нејзино оценување. Исто така намален е и пројот на инспектори на граничните премини, вели м-р Соња Камбовска, помошик на главниот државен ревизор.
Бидејќи во земјата нема обврска за редовно ажурирање на листата на забранети супстанци, ревизорите препорачале промени во тој дел за да ја следи европската динамика. Исто така дале препорака за зајакнување на човечките и технички капацитети и подобрување на контролата за граѓаните да бидат сигурни во безбедноста на она што го купуваат.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат ни одговорија дека веќе постапуваат по забелешките и во делот на зголемување на бројот на инспектори и во делот на надзори.
- Во однос на постапката за увоз на детски играчки, козметички производи и предемети за општа употреба и забелешката за сертификатите за безбедност кои се приложуваат при увоз, веќе се отпочнати иницијални преговори со релевантните чинители за изнаоѓање на заедничко прифатливо рашание со цел да се надмине овој проблем, ни одговорија од ДСЗИ.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
