Камп Ноу и Бернабеу во шпанската кандидатура за СП во рагби во 2025

Шпанија ја објави денеска својата кандидатура за домаќин на Светското првенство во рагби во 2035 година, вклучувајќи ги своите најголеми и најпознати стадиони, Камп Ноу во Барселона и Бернабеу и Метрополитано во Мадрид на листата на објекти на кои би се играл турнирот доколку ѝ биде доделена организацијата.
Шпанската рагби федерација (RFER) доби поддршка од фудбалската Ла Лига за дополнително зголемување на инвестициите во инфраструктурата што ќе бидат направени пред Светското фудбалско првенство во 2030 година, кое Шпанија ќе го организира заедно со Португалија и Мароко.
„Рагбито станува дел од идентитетот на оваа земја. Со заедничка работа со Светското рагби, можеме да го претвориме Светското првенство во 2035 година во пресвртница за глобалниот раст на нашиот спорт, за доброто на идните генерации“, изјави претседателот на RFER, Хуан Карлос Мартин „Хансен“.
Шпанија се квалификуваше за следното Светско првенство во рагби, кое ќе се одржи во Австралија во 2027 година, и ова ќе биде само второ учество на ова натпреварување, прво по 1999 година.
МИА
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
